Ќе се урива зградата кај „Рубин Кармин“ за „Даме Груев“ да стане булевар


Градските власти не се откажуваат од намерата улицата „Даме Груев“ да стане булевар. Неодамна најдоа фирма која ќе изработи основен проект за уривање и адаптација на објектот кој се наоѓа на вкрстувањето на „Даме Груев“ и „Македонија“, а, всушност, претставува пречка за проширување на улицата.

rubin-2Скопската фирма „Геониг“ за околу 29.000 евра ќе има обврска да го изготви проектот за три месеци. Во меѓувреме, како што неодамна најавија од Градот, и ИЗИИС треба да направи испитувања и да предложи решенија како да се прошири улицата во овој дел за уште две ленти. Неколкупати од Градот објаснија дека оваа сообраќајница ќе може да се прошири само доколку се урне дел од зградата. Имено, објектот се наоѓа на трасата на која треба да поминува булеварот кој е предвиден и со Генералниот урбанистички план.

„Според ГУП, улицата во овој дел од Малиот ринг е предвидено да биде булевар. На потегот од ТЦ ‘Палома бјанка‘, па се’ до Собранието на РМ, просторот кој сега е паркинг е доволен за две нови ленти. Единствен проблем е оваа зграда и затоа ние побаравме стручно мислење како да се реши тоа. Постојат неколку опции за решение на проблемот: да се сруши само влезот на зградата, или да се урнат првите два ката и да се направат потпорни ѕидови, а одоздола да минува сообраќајницата. Сепак, конечниот одговор ќе го дадат експертите од ИЗИИС“, одговорија неодамна од Град Скопје.Посочија дека со одземањето на паркиралиштата по должина на улицата нема да се создаде проблем со недостиг од паркинг-простор, бидејќи на овој потег се гради катната гаража која ќе има капацитет да прими повеќе возила отколку што имаат сегашните отворени паркинзи.

Засега не може да се прецизира кога би стартувала теренската реализација на проектот. Градските власти велат извесно е дека постапката ќе трае долго, бидејќи станува збор за крупен инфраструктурен проект.

„Најважно е да се најде решение за спорната зграда. Потоа ќе треба да ја направиме финансиската конструкција, па да се изработат проекти“, велат надлежните кои не кријат дека евентуалното уривање и подигање потпорни ѕидови на зградата ќе чини многу. Сепак, според нив, на долгорочен план тоа ќе биде оправдана инвестиција.

Инаку, со години е предвидено улицата „Даме Груев“ да стане двонасочна сообраќајница со четири коловозни ленти. Тоа е едно од неопходните сообраќајни решенија за растоварување на сообраќајниот метеж во Мал ринг.

Утрински весник

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1