Истрагата за убиството на 15-годишната Тијана Јуриќ се уште е во тек, а судскиот процес против Драган Ѓуриќ ќе започне во февруари идната година.
Медицинското вештачење се уште е во тек, а како што пренесуваат тамошните медиуми ќе се вештачи и колку патело девојчето пред брутално да биде убиено.
– Кога ќе биде завршено судското вештачење, ќе се прави невропсихијатарско вештачење на стравот кој го претрпела Тијана. Истрагата мора да биде звршена во рок од шест месеци, до јануари идната година, но ќе продолжи се додека обвинението не стапи на сила. Можно е да има и приговори по обвинението, рекла Маја Атанасковиќ, адвокатот на семејството Јуриќ.
Вештачењето за претпрен страв значи проценка на свесноста на жртвата во текот на нападот, колку патела и колку болки претрпела пред да умре.