Ќе се врати ли стариот сјај на езерото Треска?


Објавен е оглас за склучување договор за консултантски услуги за изработка на физибилити студија за оправданост на “Договор за воспоставување на јавно-приватно партенерство за реконструкција, управување и одржување“ на спортско-рекреативниот центар “Езеро Треска“ и базенот “Сарај“ пишува Нет прес.

 

Градот Скопје бара консултантска фирма која во следните три месеци ќе им помогне да ја изготват студијата врз чија основа ќе се избере концесеионерот што ќе треба да го заживее градското езеро.

Изградено пред речиси три ипол декади, езерото Треска се протега на површина од 136.000 метри квадратни со максимална длаболчина од три метри. Иако има капацитет од 10.000 капачи во изминативе петнаесетина години е заборавено и непосетено.

 

Изградено по иницијатива и самопридонес од граѓаните во 1978 година, ова езеро беше вистинската локација за разладување во жешките скопски денови. Со години Скопјани уживаа во капење, сончање и риболов.

На Треска забраната за капање е поставена во 1998 година, и од тогаш наместо да се обнови езерото, се обновуваат само таблите. Забраната е ставена поради загаденоста на водата.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1