Ќе снимале филм за педофилија во Католичката црква


priest pedofilija

Американското филмско студио „Дримворкс“ и продуцентската куќа „Партисипент медиа“ ги откупија правата за снимање филм за активностите на прикривање случаи на сексуално злоставување во рамки на Католичката црква.

Тие планираат да ја адаптираат приказната која весникот „Бостон глоуб“ ја објави на своите страници, а која зборува за тоа како еден бостонски надбискуп долги години ги забошотувал случаите на педофилија од страна на свештениците, што во 2002 година доведе до оставка на кардиналот Бернард Лоу. За својот истражувачки труд весникот во 2003 година ја освои Пулицеровата награда.

Сценариото ќе му биде доверено на Том Мекарти, кој е сценарист и режисер на филмовите „Посетители“ и „Агент од станицата“.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1