Ќе ви треба само минута да ја прочитате оваа приказна – а ќе ви даде голема мудрост


На друштвените мрежи се прошири една кратка и многу поучна приказна која ќе ве натера убаво да размислите. Ако некој ве налутил и сте посакале да направите ѕид помеѓу вас и таа личност, прочитајте ја оваа приказна. За читање ви се потребни две минути, но мудроста ќе ви остане за навек.

-Двајца браќа живееле на соседни фарми и се скарале. Во последните 40 години тоа била првата посериозна караница. Во тие 40 години брќата живееле еден крај друг, се сакале и си помагале.

drven most-suma
Меѓутоа, одеднаш таа идила се расипала. Се започнало од мало недоразбирање  кое довело до голема караница и погрдни зборови после кои следеле месеци неразговарање. Едно утро, некој затропал на вратата на постариот брат. Кога ја отворил вратата здогледал човек со столарски алат.

-Барам работа, Можеби овде на твојава фарма би се нашла некоја работа за мене?, го запрашал човекот.

-Да. Знам што би можел да направиш за мене. Ја гледаш онаа куќа од другата страна на потокот? Таму живее мојот сосед, всушност мојот помлад брат. Минатиот месец меѓу нас имаше ливада, но тој копаше од реката до тука и сега меѓу нас е поток. Тоа го направи за да ми наштети, но јас ќе му вратам… Ги гледаш оние стебла покрај шталата? Сакам да ми направиш ограда од два метри да не го гледам повеќе ни него ни неговата куќа, одговорил постариот брат.

Столарот рекол: -Се ми е јасно. Дај ми дупчалка и ќе видиш колку убаво ќе го направам тоа. Постариот брат отишол до градот,  му го донел на столарот потребниот материјал и си заминал. Столарот работел вредно цел ден…

Кога приквечер се вратил постариот брат, столарот ја завршил работата, но останал изненаден! Ограда воопшто немало. Столарот направил мост преку потокот. Тоа бил  преубав мост, а од другата страна се приближувал помладиот брат со широко отворени раце.

– Навистина си добар човек кога направи мост после се што ти реков и направив, рекол помладиот брат. Браќата стоеле секој на својата страна од мостот, па полека трганле еден кон друг, среќавајќи се на средината. Го виделе столарот како си ја подига својата кутија со алат и тргнува да си оди.

-Еј, причекај! Остани неколку дена кај нас, има уште многу работи кои би можел да ги направиш, рекол постариот брат.

-Би ми било мило, рекол столарот, но морам да направам уште многу мостови…

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1