Ќе заврши во затвор бидејќи го навредил кучето на кралот!


Еден Тајланѓанец е обвинет за навреда на кралот и му се заканува затворска казна, бидејќи го навредил кралското  куче, изјави денеска неговиот адвокат.kral-640x533

Танакор Сирипаибу (27) е обвинет за навреда на кралот поради објава на „сатирична“ фотографија на Фејсбук од кралот на Тајланд и неговото куче, соопшти адвокатката Павине Чумсри. – Се работи за фотографија објавена на 6 декември на Фејсбук, составена од три фотографии и порака со која се исмејува кралското куче, објасни Чумсри.

Танакорн исто така е обвинет за навреда на кралот, бунт и користење на компјутерот за кривични цели, бидејќи притиснал „ми се допаѓа“  под монтираната фотографија на кралот и потоа ја споделил, како и табелата на која е прикажан растот на корупцијата во кралството.

Тајланд има еден од најстрогите закони за навреда на кралот. Лицето осудено за навреда на многу почитуваниот, но болежлив 88-годишен крал Бумибол Адулјадеј или кралицата и престолонаследникот може да биде казнет со затворска казна од дури 15 години по секоја точка на обвинението.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1