Законот на Алекса: Ниту едно дете не смее да биде малтретирано на училиште


По повеќемесечно злоставување на училиште, 14-годишниот Алекса Јанковиќ од Ниш изврши самоубиство. Случајот, од пред четири години, деновиве се најде во медиумите во Србија по потресното сведочење на неговите родители за борбата против молкот на системот.

За да се зголеми одговорноста на родителите и наставниците и да се заострат казните за малолетничкото насилство, јавноста бара да се донесе “Законот на Алекса”.maliot-aleksa-zakon-640x409

Насмевката на Алекса остана замрзната на 14-годишна возраст. Секојдневниот ќотек, повеќекратното одење во болница поради повреди и постојаниот страв од одење на училиште беа премногу – Алекса се самоуби.

-Тој едноставно не можеше повеќе да го издржи тој притисок. Притисокот се случи откако малолетничката деликвенција се рашири низ училиштето, кога јас, Алекса и сопругата бевме жигосани како некој кој го урива угледот на тој прекрасен мал колектив, оти им доведовме полиција во училиштето, раскажува таткото на Алекса Бојан Јанковиќ.

Сите во училиштето ја свртуваа главата на страна пред секојдневното тепање и малтреирање, додава тој.

-Кога се соочувате со луѓе кои не сакаат да си ја работат својата работа според закон, а од друга страна ви го одземаат скапоценото време да му помогнете на своето дете, тогаш епилогот ќе биде таков каков што беше на нашиот Алекса, кој загуби верба во институциите, врба во наставниците, верба во себе…, раскажува таткото.

Малолетниците кои го малтретирале Алекса добиле “укор” од судот, а водачот на групата и засилен надзор од шест месеци до две години. Училиштето е казнето парично со 4000 евра, а директорката со 400 евра. Сите наставници кои знаеле за случајот на Алекса се уште работат во училиштето.

Во последните два месеца на друштвените мрежи се води кампања за донесување на “Законот на Алекса”. Задачата ја презеде Драгана Ќориќ, професорка од Правниот факултет во Нови Сад, заедно со тим студенти.

-Целата оваа приказна за борбата со насилство во училиштата не треба да биде приказна на ниедна политичка партија. Тоа е работа на јавноста и нашата стварност. Така што, би ги замолила сите, и на овој начин би апелирала на единство, оти ако ние не го направиме ова – кога и кому ќе му ја оставиме земјата ако премолчиме за ваква работа, вели професорката.

“Законот на Алекса” предвидува основање независен орган за превенција на малолетничко насилство во училиштата, суспензија на учениците како нова воспитно-дисциплинска казна, казни за родителите кои нема да дојдат на разговор во училиштето, нивно пријавување за занемарување на дете и парична казна до 800 евра, како и зголемување на одговорноста на директорот на училиштето – одземање на лиценцата.

Овие мерки би можеле да бидат усвоени со измени на Законот за основите на системот на образование и воспитание и Законот за заштита на правата на детето.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1