Кејот на Охридското Езеро ќе добие нов лик


Општина Охрид објави конкурс за избор на идејно решение за изработка на идејно архитектонско решение за партерно и хортикултурно уредување на кејот „Македонија“. Со уредувањето на самиот Кеј, кој е на некој начин идентитет на градот Охрид и охриѓани, ќе се допринесе за подобра туристичка промоција на самиот град.ohrid

Идејните решенија се доставуваат најдоцна до 09.12.2014 година по пошта или лично со поднесување во архивата на општина Охрид, а право на учество имаат сите заинтересирани домашни и странски, правни и физички лица кои поседуваат соодветно овластување согласно Законот за просторно и урбанистичко планирање и Законот за градење.

Секој од заинтересираните може да учествува со по еден труд. Конкурсните материјали и останатата коресподенција поврзана со конкурсот се пишува на македонски јазик. Оценувањето на трудовите ќе го врши тричлена жири комисија.

Со изготвувачот на идејното решение кое ќе биде оценето како најдобро рангирано, договорниот орган, согласно Законот за јавни набавки ќе отпочне постапка за доделување на договор за јавна набавка со преговарање без претходно објавување на оглас за изработка на основен проект. Конкурсот е анонимен и завршува со избор на најдоброто конкурсно идејно решение, информираат од општина Охрид.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1