Кејт и Вилијам добија син – Се роди третиот принц


Кејт се породи во болница во Лондон, каде утринава пристигнала со сопругот и принц Вилијам.

Кралскиот пар доби син, а бебетое е тешко 3,5 килограми.

Ова е третото дете на Кејт и Вилијам откако се венчаа во 2011 година.Телевизиски екипи и новинари се пред бооницата и очекуваат да биде објавено името на бебето.

Многумина се обложија на имињата Елвис, Артур и Џејмс.

Војвотката Кејт (36), пред бракот позната како Кејт Мидлтон, се породи во болницата Света Мери во Лондон, и тоа на британскиот национален празник, денот на Свети Ѓорѓи. Таткото Вилијам (35) присуствувал при породувањето, информираше кралското семејство.

На улиците на Лондон владее славеничка атмосфера, а граѓаните се собираат да ѝ го честитаат третото дете на војвотката. Кејт и Вилијам веќе имаат син, Џорџ, и ќерка Шарлота. Новороденото бебе сега е петто во линијата за наследување на британскиот престол, по својот дедо Чарлс, таткото Вилијам, братчето и сестричката.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1