Фановите на војвотката од Кембриџ, Кејт Мидлтон, во изминатите три месеци не знаеjа на кои службени случувања таа ќе се појави поради „технички проблеми“.
Нејзиното име не се најде на списокот на членови на кралското семејство на службената веб-страница на познатата монархија, пишува британскиот весник „Дејли мејл“.
По скапиот редизајн на веб-страницата во април, името на Кејт го немаше. Тоа автоматски значеше дека нејзините приврзаници нема да бидат во можност да присуствуваат на јавните настани на кои беше и убавата војвотка, ниту, пак, да ги видат нејзините планирани обврски.
По многубројни обвиненија за оваа грешка на Твитер во изминатите два месеца, ситуацијата сега се промени.
Од Бакингамската палата признаа дека им требало три месеци за да го вратат името на војвотката од Кембриџ меѓу останатите припадници на британската монархија.