Керим: Во наредните 10 дена во Туција да се престојува во хотели со пет ѕвезди


Сите македонски туристи кои планираат да ја посетат Турција во наредните десет дена, да престојуваат исклучиво во хотели и капацитети со пет ѕвезди, порача денеска претседателот на Туристичко угостителската комора при Сојузот на стопански комори на Македонија, Аркан Керим.turcija

Како што истакна Керим на прес-конференција, голем е бројот на македонски туристи што моментно престојуваат во Турција и сите се чувствуваат безбедно. Сепак, подвлече Керим, ситуацијата ќе биде појасна за десетина дена.

– Постојано ја следиме состојбата во Турција, секојдневно контактираме со турските туристички агенции и со Министерството за надворешни работи. Моментно ситуацијата не е како што треба и затоа пепорачуваме секој што планира да ја посети земјата во наредните десет дена, да престојува во хотели со пет ѕвезди зашто тие се побезбедни, нагласи Керим, додавајќи дека сликата за ситуацијата во Турција се очекува да биде појасна по десетина дена.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1