ВИДЕО: Објавена снимка од нападот на хотелот во кој престојувал Ердоган


Турската новинска агенција Анадолија објави видео снимка од нападот на хотелот во Мармарис во кој отседна турскиот претседател Реџеп Таир Ердоган за време на обидот за воен удар.upad_vojska_hotel_marmaris_promo-520x265

Специјалните полициски единици на југозападна Турција запленија оружје и воена опрена од припадниците на војската кои го извршија нападот на хотелот, пренесува агенцијата.

Опремата која вклучува гранати, шлемови, ноќни визири, пушки и митралези е пронајдена во шума во близина на хотелот Гранд Јазици Мармарис, каде што Ердоган бил во моментот кога е извршен обидот за воен удар.zaplena_turcija_vojska-520x389

Како што соопштуваат турските власти операцијата за заробување војници кои биле во хеликоптерот и го нападале хотелот во петокот набрзо откако Ердоган полета за Истанбул е се уште во тек.

Не е јасно дали опремата е оставена на местото по нападот, или таму била и за време на нападот, пишува Анадолија.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1