Ќерката на Чавков по апсењето: Ќе тужиме


,, Тој што ја напишал белешката за наводно негово фаќање пред бегство ќе биде тужен“, напиша Зорица Чавкова, ќерката на поранешниот министер за внатрешни работи Митко Чавков кој попладнево беше приведен и однесен во затворот во Шутка.

Од Основното јавно обвинителство соопштија дека Чавков е приведен поради можно бегство.

-По добиени сознанија и поради страв дека обвинетиот ќе се даде во бегство и ќе се крие со цел да ја избегне кривичната одговорност, обвинителството побара од Основниот суд Скопје 1 – Скопје да му биде определена мерка – Притвор. Кривичниот совет го прифати предлогот на обвинителството и на обвинетиот со Решение му определи мерка – Притвор во траење од 30 дена.

Обвинетиот е дел од предметот што се води за настаните во Собранието од 27 април 2017 година, за кој главната расправа е завршена и е закажано рочиште за објавување на пресудата – пишува во соопштението.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1