Ќерката на Митко Чавков вели дека се лаги и клевети тврдењата дека нејзиниот татко монтирал процеси додека беше на власт како министер за внатрешни работи и како директор на БЈБ.
– „Ова е класична лага дека монтирал случаеви. Ова сега што се случува е одмазда. Ова е драконска казна. После оваа пресуда сега следува негово шиканирање, омаловажување и оцрнување. Сакаат да го направат криминалец во секој поглед“, изјави Чавкова за ТВ21.