Ќерката на Драган Каранфиловски – Бојс со трогателен статус на ФБ


Драган Каранфиловски – Бојс ја изгуби битката со тешката болест и на 59 годишна возраст почина.

Оваа тажна вест ја сподели неговата ќерка Верица Каранфиловска, која на својот профил на Facebook објави: Саканите луѓе не умираат, тие живеат во нас. Почивај во мир голем човеку, душа наша!bojs1_2015528141530_thumb_medium500_336

Бојс ќе биде запаметен по неговите огромни хитови како што се „Опасно сум вљубен во тебе“, „Валерија“, „Лулај ме нежно“, „Парижанка“, „Афричко лето“ и многу други.

Автор е на многубројни хитови испеани од други пејачи, а исто така стои зад песната „100% те љубам“ со која настапија XXL на Евровизија во 2000 година.

Бојс беше успешен композитор, аранжер, продуцент, гитарист и пејач. Во 2014 година, тој заслужено ја доби награда за животно дело на „Златна бубамара“.dragan karanfilovski bojs

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1