На итна седница на штотуку формирана комисија во Минситерството за образование било одлучено Јана Димитрова, ќерка на министерот за надворешни работи Никола Димитров, да добие стипендија од 40.000 долари за додипломски студии во Холандија, открива Магазин.
Порталот дознава дека на 4 август 2017 година, само два дена пред распишувањето на локалните избори, министерката за образование Рената Дескоска, со решение број 14-9573/1 формирала комисија за доделување на стипендии за додипломски студии во странство. Веднаш, истиот ден (петок) комисијата се состанала и итно одлучила по барањето на Јана Димитрова да ѝ биде доделена државна стипендија за студии во Холандија, на Универзитетот во Утрехт.
Министерството за образование и министерот Димитров треба да одговорат дали исплатата на овие 40.000 долари или други средства поврзани со студиите на ќерката на министерот за надворешни работи биле исплатени на или во име на Јана Димитрова додека траела забраната за исплата? За буџетски исплати во овој забранет рок, за потсетување, кривично се одговара.
,,Магазин“ нагласува дека се работи за скандалозна злоупотреба на службената положба и буџетските средства во интерес на членовите од потесното семејство на министерот Никола Димитров коментира порталот.