Ќерката на Велија Рамковски, Емел излезе од затвор


Ќерката на Велија Рамковски, Емел излезе од затвор.142057

„Денес е убав ден – Емел Рамковска конечно на слобода! Ја одлежа ” машки” политичката казна до последен ден. Честитам на целата храброст и издржливоста која ја покажа. Да бидеш здрава и жива. И главата горе. Твоето време допрва доаѓа“ – напиша на својот фејсбук профил, Сефер Цаноски, зет на Велија.

Емел беше осудена на шестгодишна затворска казна за случајот „Пајажина“. Велија Рамковски доби три години за злосторничко здружување, за перење пари шест, за данчно затајување пет и за злоупотреба на службената положба една година затворска казна. За сите дела му беше одредена казна од 15 години, но судот му одреди единствена казна од 13 години. Синот на Велија, Хеди доби седум години, а неговиот брат Амди, шест години затвор.

Libertas.mk

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1