Ќерката на Владе Дивац повредена во тешка сообраќајна несреќа


Во тешка сообраќајна несреќа која се случила синоќа во 22:58 часот во центар на Белград, повредени се две млади лица кои биле на мотор.

Едната од нив е ќерка на славниот кошаркар Владе Дивац, Петра (19) која се здобила со ортопедски повреди.

Српските медиуми пишуваат дека, Петра Дивац е примена на одделението трауматолоција на „ВМА“. Има полесни повреди на ногата, а покрај неа повреден е и мотоциклистот Л.Ж. (23), кој бил итно опериран.

Причината за несреќата се уште не е позната.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1