Белгиските власти соопштија дека во нападите во Париз убиени се и двајца нивни државјани. Еден од нив е 47-годишниот Милко Јозиќ, кој по потекло е од Хрватска. Другата жртва е Белгијката Елиф Доган.
Милко и Елиф биле во врска и требало да се најдат во близина на Батаклан каде живеел Милко.
Поранешната сопруга на Хрватот, Ингрид и ќерката Лаурин милион пати се обиделе да го добијат Милко на телефон, но безуспешно. Лаурин се загрижила бидејќи не можела да ја пронајде ни Елиф, па започнала да бара информации на социјалните мрежи.
Јозиќ кој по професија е инженер, требало наредното утро да отпатува за Кина, но не се појавил на аеродромот. Како што соопштуваат медиумите, Милко последен пат испратил порака половина час пред пукањето.
За жал Ингрид и Лаурин подоцна ја добија најстрашната вест – Милко загина во терористичките напади.