“Татко ми беше добар човек и ништо не зборуваше дека ќе изврши вакво нешто. Немавме караници во семејството”, рекла Зорица, ќерката на напаѓачот.
Ќерката на 60-годишниот Љубиша Богдановиќ, кој утрово уби 14 лица и се обиде да се самоубие, изјави дека е шокирана од она што се случило, бидејќи нејзиниот татко не бил убиец.
Сестрите близначки, 39-годишните Зорица и Славица не живеат со родителите, велат се слушнале вчера и се било во најдобар ред, а во неделата биле на семеен ручек и се поминало во најдобар ред, без никакви кавги а Богдановиќ бил расположен.
,, Што се случи, што да правиме, сега цело село ќе не мрази, зошто го направил ова,, извикувале низ плач ќерките.
Според информациите на дел од медиумите во Србија, се претпоставува дека убиствата ги пријавила сопругата на Љубиша. Додека таа била на телефонска линија со полицијата се слушнал крик порди што се претпоставува дека тој пукал во неа токму во тој момент.