Кичевската полиција поднесе кривична пријава против С.Р. (73) од село Грешница поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „убиство во обид“.
МВР соопшти дека на 17 август околу 8:00 часот во селото Грешница, во неговиот двор со нож во пределот на стомакот му нанел тешка телесна повреда на братот Ќ.Р. (80. На настанот му претходела расправија меѓу браќата.