Кичевец паднал од бандера и починал


Четириесет и двегодишниот С.Р. од село Стрелци, Кичевско, при работа паднал од бандера во охридската населба Рача и се здобил со тешки телесни повреди, по што бил пренесен во Медицинскиот центар Охрид. Поради сериозноста на повредите, бил препратен во скопскиот Клиничкиот центар Скопје, но на пат кон Скопје починал.dete-bandera

Како што информира МВР, несреќата се случила вчера околу 12.30 часот. С.Р. бил вработен во фирма подизведувач за потребите на ЕВН и во критичниот момент бил качен на бандера висока осум метри за да ги отстрани жиците. Бандерата се скршила во долниот дел, по што С.Р. и бандерата паднале на земја.

Увид на местото на настанот извршиле Јавен обвинител и екипа од СВР Охрид. По наредба на Јавен обвинител денеска над телото на починатиот ќе се врши обдукција.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1