Киднаперката на Маша ќе остане без сопственото дете


Киднапирањето на двегодишната Маша Пренковиќ е главна тема овие денови во Верс Пон ди Гар и Ремулен на југот од Франција во кои живеат родителите на нејзината „двојничка“, иако многу од жителите на овие места до вчера не знаеја каде се наоѓа Белград. За деталите за киднапирањето, за кое дознале од медиумите, се зборува по баровите, пекарите, поштата, општината, пишува Вечерње новости.

Сите се чудат, но пристапот е поинаков. Додека во Верс немаат ништо убаво да кажат за Браншијеви, во Ремулен се истакнува дека Аксел М, поранешен сопруг на киднаперката Емилин Кристел Еје (26) е долгогодишна жртва на нејзиното семејство.masa-prenkovic-devojcica-oteta-foto-printskrin-1426286925-625450

-Многу испати последниве две години, вели негов колега во супермаркетот каде работат заедно.

Официјално, овде изјави не сакаа да даваат за да не пречат во истрагата.

Аксел М. е роден 1988 година и година дена е постар од својата бивша сопруга. Од Емелин се разделил по три години заеднички живот, пред да се роди бебето. Неговата мајка Елијан која работи во пошта, истакнува дека својата внука досега воопшто не ја видела.

-Мајката на Емелин Еје, Алексија направи се двојката да се раздели и да и се врати ќерката. Детето е родено пролетта 2013 година, а мојот син воопшто не знаеше за тоа, изјави Елијан за тамошните медиуми.kidnaperi-650x396

Браншиеву криеја од Аксел каде живеат. Патот од Верс Пон ди Гар кон Ним, меѓутоа токму води низ Ремулен, така што до средба кога тогаш мораше да дојде.

-Мојот син еднаш ги сретна во Ремулен. Сфати дека Емелин и натаму живее во Верс Пон ди Гар, кај Алексија и Себастијан, а не во Прада како што му рекоа. Тој ден малку недостасуваше се да тргне по лошо, рече мајката на Аксел.

Грабнувачите ги препознала врз основа на фотографијата во печатот и вели, истиот момент и затрепериле рацете. Таа и нејзиниот син во тој момент се загрижиле за нивното дете, односно внуката. После дознале дека е на сигурно.

Чаршијата во Верс и Ремулен предност и дава на верзијата дека Маша е грабната за да му се наштети на Аксел, иако жителите не сакаат официјално да се изнесуваат, се додека судот не си ја заврши работата. ДНК анализата за утврдување на татковството, требало, според она што се зборува на улиците на Верс, да се направи следната недела.snimeni kidnaperi

Како што стојат работите, оние кои сакаа Аксе со измама да го лишат од татковство, ќе останат со кратки ракави, а според логиката, по се што се случи, старателството над двегодишната ќерка, веројатно треба да му припадне на таткото.

– И да сакала да го измами таткото со лажни ДНК наоди, како мислеше да докаже дека таа е мајка, кога со анализата се споредуваат наодите на двајцата родители!? , се чуди еден од нашите соговорници.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1