Киднапирале дете па го терале да питачи


Десетина минути пред полноќ синоќа, во полициската станица во Ѓорче Петров, 27-годишната С.Б. од Чичино Село, пријавила дека нејзиното 11-годишно дете на последна автобуска постројка во селото Сарај, било пресретнато од страна на три лица од кои едното од нив претходно го познавало.

Тие биле со возило, по што детето насилно го внеле и го однеле во таванска просторија од куќа во која живеело едно од лицата. Потоа го носеле детето на неколку локации во градот за да питачи. Кога го однеле во близина на „Веро Џамбо“ со цел да питачи, во еден момент детето го забележало неговиот татко, при што се стрчало кон него, а лицето кое го донело се оддалечило во непознат правец.

Во врска со настанот приведен е 60-годишниот Ќ.К. од Скопје и се превземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1