Еве од што починале бебињата на гинекологија – Немало медицинска одговорност


Kомисијата за стручен надзор на работата на Клиниката за гинекологија, што ја формираше Министерството за здравство за овој случај, констатирала медицинскиот персонал постапил според предвидените медицински протоколи на 21 овој месец, кога за една ноќ починаа четири бебиња.

„Даден е соодветен третман пред породувањето, запазени се правилата за индикација за оперативно завршување на предвреме започнатото породување, запазени се анестезиолочките процедури, успешно е спроведена првична стабилизација на новородените, како и соодветно спроведена постнатална интензивна нега и терапија.

Предвреме родено машко дете во 25 гестациска недела, со екстремно мала родилна тежина ставено на палијативен третман. Починало во првите 24 часа од раѓањето. Второто е предвреме родено женско дете во 29 гестациска недела, поради ризична бременост, а мајката имла висок притисок и инфекција.

Дадена е соодветна медицинска терапија, починало третиот ден од раѓањето. Третото бебе е предвреме родено машко дете во 29 гестациска недела. И тоа било од ризична бременост, и веднаш е интубирано по раѓањето. Дадена соодветна терапија. Состојбата се влошила поради што повторно е реинтубирани и извршена е реанимација, но починува. Четвртото е женско бебе родено 27 гестациска недела. На одделот за интензивна нега престојувало 37 дена во исклучително тешка состојба и цело време било на апарати за дишење“, се наведува во извештајот.

Во него се додава дека се работело за високоризични бремености, завршени со предвремено породување во рана гестациска возраст и ниска родилна тежина на бебињата,а бебињата биле со медицински компликации во текот на бременоста, што,според комисијата, го отежнува нивното преживување и ја зголемуваат стапката на морталитет и морбидитет.
Државниот санитарен и здравствен инспекторат ќе испитува дали има пропусти во хигиенско санитарните услови и протоколи за работа на Клиниката за гинекологија.

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1