Киднапирале мајстор да им поправи се по дома


Калифорниската полиција уапси брачен пар кој киднапирал мајстор да им поправи работи во домот. Наместо да си викнат сервис брачниот пар Џејсон Деџисас и Шанел Тродсон, решиле со киднапирање и тепање на мајсторт да си ги поправат некои работи во домот.

Несреќниот мајстор 7 часа бил принудуван да мести врата и поправи лавабо, и уште неколку работи во куќата на брачниот пар. Мајсторот немајќи избор, ги направил поправките без никаков надомест. Брачниот пар имал огромна куќа со 5 соби, во дворот терен за одбојка, тениски терен и базен – изјавиче од  локалната полиција.

Сепак не им било доста што мајсторот им средил се во оваа куќа, одлучиле да го одвезат и до другата куќа која ја поседувале и таму да ,,рмба,, уште неколку часа. Но мајсторт успеал да избега и да ги пријави за киднапирање.
според информациите на полицијата мајсторот на бил случаен избор на парот, тие го имале најмено уште пред два месеци за поправка на куќата на мајката на Џејсон.

Изгледа биле задоволни од тоа како ги поправил работите па решиле да си го земат само за себе.

Андријана Станојовска

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1