Штази продавала луѓе на фармацевтските компании за експерименти


Историчарите пребарувајќи ги архивите во Берлин, откриле дека поранешната источногерманска тајна полиција Штази, тајно им продавала на граѓаните на Источна Германија, лекови од западните фармацевски компании, кои се користеле како „лабараториски кујни“ за експерименти на непроверени лекови.
Десетици илјади пациенти кои се хоспитализирани во болниците на поранешната држава, добивале лекови кои на Западот не биле одобрени, за да се види како нивното тело реагирало на истите.
За оваа „услуга“ на источногерманската влада, истата има добиено десетици милиони долари.

Дека овие лекови не биле квалитетни, туку напротив некои од нив биле и штетни, покажува фактот што голем дел, околу стотина пациенти, починале откако ги земале, а шансите за преживување на терапијата во некои случаеви се движела околу 60%, пренесуваат медиумите.
Бројот на починати пациенти трба да биде и уште поголем поради луѓето кои што загинале, поради намерно нелекување. Имено, на ист број на пациенти кои страдале од сериозни болести, им биле давани таблети без никакви здраствени ефекти, со цел да се види колку е ефикасен лекот, во споредба со пациентите кои не биле лекувани и кај кои болеста напредувала со вообичаена прогресија.

Програмата била одобрена во пролетта во 1983 година и од тогаш бројот на пациентите во болниците кои им излегле во пресрет на западните фармацевски компании, постојано се зголемувал.  На почетокот имале само 27 пациенти, додека до 1988 година истите се зголемиле на 100.

Tags:

Љубиша Владимиров

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1