Киднапирале ресенчанка па ја уценувале со видеоснимка


Првин ја киднапирале, па во несвесна состојба ја снимале, а потоа со снимките ја уценувале да им даде вкупно 4.000 евра. Откако им исплатила половина од таа сума, жртвата од Ресен ги пријавил уценувачите в полиција.policijavonl

За ова дело осомничени се Г.Т.(33) и Б.О.(45). Според МВР, 33-годишникот минатиот месец ја пресретнал оштетената во близина на нејзиното работно место во Ресен и заканувајќи се дека ќе им наштети на нејзините деца, ја приморал да влезе во возилото со кое управувал второпријавениот, 45-годишниот. Потоа ја однеле на непознато место, а жртвата, вели МВР не се чувствувале добро и не се сеќава што се случувало.

Две седмици подоцна, 33-годишникот дошол на работа кај жртвата, ѝ покажал видоснимка од неа во возилото и ѝ рекол да му плати 2.000 евра за да не ги покаже снимките на нејзиниот сопруг и на деверот. Жената се позајмила и во два наврати на Г.Т. му дала по 1.000 евра. Но некоку дена по втората уплата уценувачот повторно дошол кај неа и ѝ побарал уште 2.000 евра, по што жртвата пријавила во полиција. Полицијата вели дека преземала мерки и обезбедила докази за случајот.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1