Изгорено машко тело пронајдено во тетовско


На ливада покрај земјениот локален пат што ги поврзува селата Јегуновце и Пршовце, во близина на тамошната чешма, утринава пронајден е мртов 73-годишниот Б.Ц. од Јегуновце.

Местото веднаш е обезбедено од полициски службеници на СВР Тетово, а нешто подoцна извршен е увид, со учество и на  јавен обвинител и лекар по судска медицина.uvidjaj-policija-policijska-traka-1341914727-183901

Безживотното тело на Б.Ц, според утврденото во увидот, во значителна мерка било  изгорено, додека на два-три метри оддалеченост од него се наоѓала пластична канта со непозната запалива течност и запалка, кои се фотодокументирани, подигнати и ќе се вештачат, а по наредба на јавен обвинител на телото ќе се врши обдукција. Се превземаат активности за расветлување на сите поединости поврзани со овој случај.

Инаку, вчеравечер во 20 часот и 30 минути, 36-годишен жител од тетовско Јегуновце, пријавил дека дента околу9 часот од куќата во која живеел сам се оддалечил и не вратил назад неговиот 73-годишен сосед и роднина Б.Ц.

Според кажувањето на пријавителот, кој денеска го пронашол мртвото тело, тој наводно заминал кон Тетово.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1