Киднапиран британски фоторепортер се појави во ново пропагандно видео на ИД


Британскиот фоторепортер Џон Кантли, кој беше киднапиран од страна на Исламската држава (ИД) во 2012 година, одново се појави во пропагандно видео на џихадистичката група, објавено на неколку исламистички интернет сајтови.download (5)(60)

Во видеото, за кое се тврди дека е снимено во Мосул, Кантли стои пред купиште од лим и жепезо, за кое тврди дека се остатоци од киоск во кој се продавале пропагандни брошури на ИД, што бил разурнат при американски воздушен напад.

Кантли натаму во изјавата „се потсмева“ со кампањата за воздушни напади на меѓународната коалиција предводена од САД, велејќи дека американските авиони гаѓаат киосци, а не воени цели.

Тој досега се појавуваше во неколку пропагандни видеа на ИД, од кои последното беше објавено лани во февруари.

Кантли, која работеше за неколку весници, меѓу кои и за „Сан“ и Сандеј Тајмс“, беше киднапиран во ноември 2012 година, заедно со американскиот новинар Џејмс Фоули, кој пред камера беше обезглавен од страна на припадник на ИД во август 2014 година.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1