Претседателот на киевскиот огранок на моторциклистичкиот клуб „Ноќни волци“, Алексеј Верешчагин е киднапиран во Харков, изјави водачот на мото- клубот Александар Хирург Залдостанов за РИА новости.
Верешчагин кој воедно е и пријател на Путин, пред неколку дена бил уапсен, бидејќи на народот на Славјанск му донел хуманитарна помош, а бил киднапиран додека излегувал од притвор.
-Всушност тоа е промислена акција која ја организирала хунтата. Киднапирање на сопствен граѓанин, бидејќи тој е Украинец од Киев. Дознавме за апсењето, собравме пари да платиме кауција, ги добивме сите официјални потврди, а кога требаше да излезе од затвор, токму во моментот кога излезе низ вратата, не стигна ни до ивицата на тротоарот кога долета автомобил го пикнаа внатре и заминаа во непознат правец, изјавил водачот на „волците“ за РИА новости.
Тој е уверен дека Верешчагин го киднапирале припадниците на Службата за безбедност на Украина.
Залдостанов додал дека е платена кауција од 7.500 долари и според него ова очигледно е претходно испланирана акција и претставува нов бизнис на хунтата.