Киднапирана 23-годишна девојка од Скопје


Во текот на вчерашниот ден непознато лице ја грабнало 23-годишната Ќ.М. од Скопје и со авотмобил ја однело во близина на стариот пат Катланово-Велес.

Дваесет и тригодишната скопјанка вчера околу 15:40 часот била киднапирана од непознато лице на булеварот „Видео Смилевски- Бато“, кога излегла од зградата каде работела и била однесена на стариот пат Катланово-Велес.

Во близина на езерото „Младост“ во Велес, 23-годишната Ќ.М. успеала да избега и пеш се упатила кон Велес.

Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето и за расчистување на настанот.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1