Киднапирана и убиена 18 год ученичка – уапсен 70 год старец


Осумнаесетгодишна девојка, која исчезнала пред три дена, откако излегла од Домот за ученици во Заеачар, била брутално убиена , а поради сомнеж дека ја киднапирал и ја убил приведен е седумдесетгодишен маж. Телото на девојката е пронајдено доцна синоќа.

zrenjanin-devojcica-ubistvo-otmica-starac-monstrum-foto-facebook-1418262632-597978-520x351

Според првичните, неофицијални информации, во автомобилот на старецот се пронајдени траги од коса за кои постои сомнеж дека се на несреќното девојче. Истите траги се пронајдени и на место за кое полцијата се сомнева дека е локацијата каде што е извршено убиството. Пронајдената коса ќе биде испратена на ДНК-анализа.

Девојката исчезнала од заечарскиот Дом за ученици на 8 декември и оттогаш ѝ се губи секаква трага. Во Домот ѝ останале сите документи, а телефонот ѝ бил исклучен.

Ова е трето злосторство во кое манијак убил девојка, чиешто исчезнување е пријавено. Ноќта меѓу 25 и 26 јули исчезна петнаесетгодишната Тијана Јуриќ, а нејзиното тело е пронајдено на 7 август. Таа била киднапирана и убиена од месарот Драган Ѓуриќ (34).

На 2 октомври е пронајдено телото на исчезнатата Ивана Подрашчиќ, за што беше уапсен Дарко Костиќ (39), кој призна дека ја силувал и убил девојката.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1