Киднапираните девојки родиле најмалку пет деца – една девојка е најверојатно мртва


Американските власти објавијафотографии од тројцата браќа кои биле уапсени под сомнение дека во десетгодишно заробеништво држеле три киднапирани девојки.

Ариел Кастро (52) е сопственикот на куќата во Кливленд каде што една деценија биле заробени Мишел Кнајт, Аманда Бери и Џина Деџесус. Покрај неговата, објавени се и фотографиите на неговите браќа Онил Кастро (50) и Педро (54).

Kidnappers-1874966

Полицијата на Кливленд во јавноста го соопштила и податокот дека овие девојки во куќата родиле најмалку пет деца, додека една од киднапираните девојки претрпела дури три абортуси затоа што била неухранета.

Amanda-Berry-Gina-DeJesus-and-Michele-Knight-were-found-1873497Нема информација дали девојките имале спонтани абортуси, дали бебињата починале или пак биле убиени по раѓањето.

Во куќата е најдено и едно 6 год девојче кое е ќерка на една од заробените девојки, родена во подрумот. Трите девојки и девојчето се однесени во болница затоа што биле неухранети и сериозно дехидрирани.

Нивниот кошмар е завршен, а пред нив е и рехабилитацијата од сето она што го преживеале, пренесува “Daily Mail”.

Сите три девојки биле киднапирани на иста улица во различни временски интервали пред десет и повеќе години. Полицијата верува дека тие биле врзувани и малтретирани, а тоа може да се заклучи од пронајдените синџири и други материјални докази.

Според изјавите на спасените девојки во куќата имало уште една девојка која исчезнала. Полицијата на ѕидот во подрумот нашла име и до него пишувало ,,почивај во мир,, полицијата го има името на девојката но не го обелоденува, прво сакаат да ги проверат имотите кои ги поседуваат браќата во надеж дека е можеби жива и пренесена во некој од тие имоти.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1