Киднапираните Срби се живи, грабнувачите ги менуваат барањата


Двајцата киднапирани служебници на српската амбасада во Либија се наоѓаат во една куќа на периферијата на градот Сабрата, пишува Вечерње новости.

Според белградскиот весник, српските безбедносни служби се во постојан контакт со либиските власти, а преку нив и со киднаперите, но ослободување на српските државјани постојано се отежнува поради тоа што грабнувачите постојано ги менуваат барањата.Libija-srpska-ambasada-otmica-620x350

Весникот наведува дека српскиот амбасадор во Либија, Оливер Потежица, во неделата кога се случило киднапирањето, заедно со придружбата во која биле и сега киднапираните службеници, заминал за Тунис во обид да го евакуира своето семејство.

„Во тек беше евакуацијата на неговата сопруга и синови, и тоа поради безбедносни причини. Амбасадорот на Србија добил информација дека состојбата не е поволна и одлучил да го повлече семејството. Во неделата се упатија кон Тунис и потоа требаше да се префрлат во Белград“, наведува извор на белградскиот весник.

Се верува дека зад киднапирањето на службениците Слаѓана Станковиќ и Јовица Степиќ стојат криминални групи кои се поврзани со милициските фракции, а нивните барања наводно се однесуваат на пари и на оружје.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1