Kиднапираното момче во Чаир одлободено – татко му бил познат скопски бизнисмен


Kиднапираното момче вечерва беше ослободено, објави Канал 5.Според информациите, момчето било оставено кај новата џамија во Чаир, по што побарало мобилен телефон за да се јави кај семејството.

policijanokni5Претходно, полицијата ја блокираше улицата „Цветан Димов“ во близина на трговскиот центар Чаирчанка кај Јаја Паша џамијата по информацијата дека било киднапирано 12 – годишно момче.
Според првичните информации, напаѓачите влегле во станот на скопски бизнисмен од каде што украле вредни предмети и го грабнале неговиот син.

Во станот во времето на киднапирањето бил и помалиот син. Скопската полиција потврдува дека интензивно работи на фаќање на киднаперите, но се уште нема потврда за мотивот за нападот.

Според непотврдени информации, полицијата работи на анализа на неколку камери поставени во комерцијални објекти во близина на инцидентот коишто можат да помогнат во откривање на киднаперите

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1