Околу три километри долга колона од возила вечерва е формирана на патот Велес- Скопје. Зголемената фрекфенција на возила, како последица од завршувањето на празникот, го создаде метежот на автопатот.
Автомобилите полека се движат од Штипска клучка , кај Велес, се до наплатната станица Отовица. Патници велат дека има застој во сообраќајот и се чека долго, поточно се стои во место.
Никој од нив незнае како и кога ќе го заврши патувањето до Скопје со оглед на тоа што автопатот се поправа и движењето на повеќе места е само на една коловозна лента