Километарска колона: Заглавени патници на патото Катланово – Велес – Голем одрон (Фото)


Патници повеќе од еден час се заглавени на патот Катланово – Велес. Според информациите на Mknews во моментов има километарска колона од автомобили кои едноставно нема каде да одат ниту како да се вратат назад.

Причината е огромен одрон на патот кој може да се види и од фотографиите на Mknews.

Полицијата веќе го пренасочува соораќајот.

Патниот правец Скопје – Велес целосно е во прекин за сите видови на моторни возила од 12 часот поради голем одрон, соопшти АМСМ.

Станува збор за поголем одрон кој ги зафатил двете коловозни ленти во близина на црквичките.

Засега нема информација кога одронот би можел да биде расчистен.

odron 00 odron 1 odron2

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1