Додека Ким Јонг Ун и ја претставуваше на нацијата новоизградената зграда на аеродромот, изостави да каже и дека нејзиниот архитект бил погубен затоа што не му се допаднал дизајнот.
Севернокорејската државна агенција, минатата седмица објавила 30-тина фотографии од посетата на Ким Јонг Ун на новиот двокатен терминал на меѓународниот аеродром. Невообичаено, со него била неговата сопруга.
Новата зграда на аеродромот е најнов обид на Северна Кореја да привлече туристи, а истата е полна со луксузни златари, кафулиња, аптеки, чоколадни фонтани и други престижни луксузни продавници.
На терминалот се очекуваат првите летови од Русија и Кина.
Но, на фотографијата го нема човекот кој го осмислил ова здание: Ма Вон Чун, некогашен шеф на Одделението за архитектура при Советот за национална одбрана, исчезнал минатата година. Чун бил главен и одговорен архитект за некои од најголемите проекти на севернокорејската влада, а неофицијално се дознава дека заедно со уште пет високи службеници бил убиен во голема чистка која Ун ја наредил минатата година