Ким Јонг Ун: Имаме хидрогенска бомба и подготвени сме да ја употребиме


Севернокорејскиот лидер Ким Јонг Ун изјави дека неговата земја има хидрогенска бомба и дека се подготвени да ја употребат со цел да го заштитат суверенитетот на земјата.462881_kim-jong-un-01foto-reuters_f

„Успеавме да станеме моќна нуклеарна сила способна да ја одбрани сопствената независност користејќи нуклеарно оружје или хидрогенска бомба“, изјави Ким Јонг Уу, пренесува севернокорејската агенција KCNA.

Лидерот изјавил дека земјата ќе продолжи со развојот на воената индустрија.

Позната и како термонуклеарна бомба, хидрогенската бомба произведува многу поголема експлозија од атомската. Северна Кореја вршеше нуклеарни тестирања во 2006, 2009 и 2013 година, така што доби низа санкции од ОН.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1