Ким Јонг-ун ја ликвидирал и својата сопруга? Првата дама не ја видел никој 7 месеци


Сопругата на севернокорејскиот лидер, Ким Јонг-ун, не била видена во јавноста цели седум месеци. Откако севернокорејскиот водач Ким Јонг-ун нареди егзекуција на своите двајца вујковци и на поранешната љубовница, многумина со право се прашуваат каде е неговата сопруга Ри Сол-ју.

Првата дама на Северна Кореја веќе со месеци ја нема во јавниот живот, па се појавиле шпекулации дека е бремена или дека можеби паднала во немилост.kim2-520x340

Експертите кои се упатени во ситуацијата во Пјонгјанг се сомневаат дека Ри Сол-ју, која е претставена како прва дама во 2012 година, веројатно паднала во немилост кај сестрата на Ким Џонг-ун, Ким Јо-џонг, која е најмоќна личност зад диктаторот. Ким Јо-џонг е главната личност задолжена за пропагандните активности на Северна Кореја и има многу неблагодарна должност – да го возвишува ликот и делото на Ким Џонг-ун.

Од друга страна, Ри последен пат била видена во јавност на 28 март во обиколка на здравствен комплекс во Пјонгјанг.

Тишимитсу Шигемура, професор универзитетот Васеда во Токио, смета дека има неколку можни причини за отсуството на Ри од јавниот живот, а една од нив може да биде бременост.

– Поради извештаите за можни напади и рушење на Ким, можеби Ри е под строга заштита и ја чуваат деноноќно – рекол Шигемура.kim-520x340

Кога Ри во 2012 година исто така „исчезнала“ имало различни претпоставки, а потоа Денис Родман по посетата на Северна Кореја открил дека се породила. Така е можеби и сега, но исто така, експертите предупредуваат дека на оние кои паѓаат во немилост, Ким не им дозволува да бидат блиску до него, а така било и со неговиот вујко кој не бил виден долго време, а потоа и ликвидиран, пренесува „Индепендент“.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1