Доколку сакате да му верувате на зборот на диктаторот Ким Јонг Ун, односно на соопштението кое во петокот го објави тамошната новинска агенција, севернокорејските научници во рацете имаат лек кој ги победува ракот, еболата и СИДА-та, но и многу други смртоносни болести, пренесува „The Independent”.
Лекот е наречен Кумданг-2 и содржи многу „чудотворни“ елементи, а докторот Јон Сунг Хун го опишал како силен активатор на имунолошкиот систем, односно како одлично превентивно решение против различни малигни епидемии.
Тоа би била одлична вест ако од таа држава досега не излезеа десетици луди тврдења, па странските медиуми очекувано ја дочекаа со сомнеж или подсмев.
Навистина, со оглед на тоа што веста е објавена додека во светот расте бројот на заразени од инфекцијата MERS, односно додека и јужнокорејското министерство за здравје пријавува нови случаи, постои можност дека таа е објавена за да се убедат граѓаните дека живеат во напредна држава додека всушност им се заканува голема опасност.
За потсетување, Северна Кореја е погодена од најголемата суша во последните стотина години која забрзано ги уништува земјоделските култури во таа земја.
Повеќе од една третина од оризовите полиња пресушуваат предизвикувајќи страв од недостаток на храна, па се садат други култури за да се обиде да се избегне потенцијална катастрофа.
Tocka.com.mk