Ким Јонг-ун (33) се здебелил околу 40 килограми откако пред 4 години стана водач на Северна Кореја. Поради постојаниот страв дека ќе му извршат атентат, тој утехата ја пронаоѓа во храната и пијалакот.
– Кога дојде на чело на земјата имаше 90 килограми, а сега 130 килограми – изјавил Ли Чеол -ву, член на јужнокорејската влада. Јужнокорејската информативна агенција тоа ѝ го препишува на несоницата на Ким и загриженоста за сопсвената безбедност, а особено се плашел поради одмаздите од чистките кои ги нарачувал во изминатите години.
Како што пренесува „Гардијан“, тајната служба на затворена седница на јужнокорејскиот парламент изнела дека Ким страда и од несоница.
Ким стана лидер на Северна Кореја во декември 2011 откако неговиот татко Ким Џонг Втори почина од срцев удар.