Ким пристигна во Јужна Кореа: Се држеа за раце и заедно скокнаа преку граница


Ким Џонг – ун стана првиот севернокорејски лидер кој стапна во Јужна Кореа откако полуостровот е поделен со војната во 1953 година.

Би Би Си објави дека „во моментот полн со симболика“ лидерот на Северна и Јужна Кореа Мун Џае -ин се ракуваа на границата.

Освен тоа, тие истакнуваат дека во текот на нивната средба се случи моментот кога „целата Северна Јужна се заледи“ – двајцата лидери се ракуваа и тоа на двете страни од границата на демилитаризираната зона која ги дели двете земји.

Публиката потоа со изненадување гледаше како Ким Џонг – ун го повикува јужнокорејскиот лидер на момент да зачекори во Северна Кореа, што тој и го направи, по што заедно се вратија во Јужна Кореа, држејки се за раце цело време.

Би Би Си истакнува дека очигледно ова не бил момент кој бил предвиден во инаку детално испланираната средба.

„Историјата почнува сега“, рече лидерот на Јужна Кореа, додека Ким Џонг -ун се пошегува со зборовите „се надевам дека ќе уживате во нудлите кои ви ги донесовме“.

Да потесетиме, пред само неколку месеци односите меѓу двете Кореа беа многу полоши, а сега двете земји би можеле да дискутираат за мировен договор и нуклеарно вооружување.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1