Првиот кинески цар Чин Шихуанг им наредил на своите слуги да му пронајдат еликсир на бесмртноста, стои во две илјади години стар текст, откриен во археолошко пронаоѓалиште во Кина.
Имено, тој наредил изградба на огромен подземен мавзолеј, со речиси 8.000 војници, со цел да го чуваат во „задгробниот живот“. Оваа „војска“ била откриена во 1974 година.
Меѓутоа, со проучување на текст пронајден во 202 година, на дно на бунар во провинцијата Хунан, археолозите заклучиле дека царот Чин Шихуанг наредил потрага по еликсир, кој би му овозможил да биде бесмртен.
Текстот ја содржи наредбата за потрага по овој еликсир, како и прилично срамежливите одговори на локалните власти, кои не успевале на застрашувачкиот монарх да му ја исполнат желбата.
Според информации од тамошните медиуми, село по име Дисјанг го известило царот дека „се уште не го пронашло чудесниот лек“, но убедува дека потрагата ќе биде продолжена.
Од друга страна, селото Лангја во провинцијата Шандонг пријавило „трева собрана од света планина“.
До чудесниот еликсир на бесмртноста очигледно не дошло, бидејќи царот, според историчарите, починал во 210 година пред новата ера, после 11 години владеење.
Во бунарите во провинцијата Хунан во 2002 година биле пронајдени повеќе од 36.000 писма и скулптури, на кои биле испишани 200.000 кинески калиграфски знаци. Археолозите ги проучуваат за да ги преведат.