Кинезите го сакаат Париз, тоа е број еден туристичка дестинација кога се работи за место за одмор, венчавка, меден месец.
Кинеска градежна компанија одлучила да заработи од оваа опсесија и Париз да го донесе малку поблизу. Изградиле населба која ја нарекле Тјандученг, а која претставува идентична реплика на Париз.
Во населбата може да живеат 10.000 луѓе, а освен познатите знаменитости на градот, истата поседува и болница, училиште и се друго што е потребно за нормален живот.