Кинезите се чудо – прават куќа за 24 часа со 3д принтер


Архитектите во Амстердам овие денови почнаа со работа на првата 3Д куќа. Тврдат дека нивниот проект ќе трае три години. Во меѓувреме, една компанија во Шангај тврди дека успеале да „испринтаат” дури 10 куќи за помалку од 24 часа.

houseprintИмено, и архитектите во Холандија и оние во Кина користат масивни 3Д принтер. Оној што го користат Кинезите е долг речиси 150 метри, широк 10 метри и длабок шест метри. Но, додека стручњаците во Амстердам користат скапа пластика, тие во Кина користат рециклиран градежен материјал и индустриски отпад.

Сепак, најголемата разлика е во тоа што кинеската компанија WinSun Decoration Design Engineering принта делови, а потоа ги склопува, додека во Амстредам се принтаат цели соби, мебелот и останатите детали, објави Gizmodo.

Кинезите тврдат дека нивните куќи, кои чинат близу 5.000 долари, се многу цврсти, удобни и веднаш вселливи. Се надеваат дека тие домови најпрво ќе бидат наменети за сиромашните и раселените лица кои ќе можат брзо и евтино да добијат покрив над главата.

Во меѓувреме и стручњаците во Калифорнија почнале да работат на 3Д принтер што ќе овозможи принтање на куќи во рок од 24 часа.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1