Гугл призна: Да, ви ги читаме мејловите!


Гугл ги прегледува пораките за да ја препознае несаканата пошта и опасен софтвер од една, како и важна пошта од друга страна, но и поради огласувањето, односно создавањето реклами прилагодени на корисниците

gmailГугл ги освежи условите за користење на „Гмаил“ за на неговите корисници да им стави јасно до знаење дека ги прегледува сите пораки, пишува Гардијан.

Сега во условите, изрично се наведува дека автоматизираниот софтвер на Гугл, ја прегледува содржината на електронската пошта која се чува на нивните сервери, како и оние кои се испраќаат и примаат од било кој налог на Гугл.

-Ова не е најлошата работа која Гугл ја прави. Но како и со другите слични работи, ако луѓето тоа ги загрижува, би требало да им е овозможено во целост да ја исклучат оваа можност ако сакаат, рече Џим Килок, директор на британската организација Опен Рајтс Груп, чија цел е заштита на човековите права во дигиталното време.

Килок додава дека Гугл работи некои многу поопасни работи, како чување на информации за поединците.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1