Кипарските пари куртулија – парламентот одби да ги оданочува штедачите


Кипарскиот парламент го отфрли контроверзниот предлог за оданочување на банкарските депозити, кој беше услов за добивање на 100те милијарди евра за спас на двете најголеми кипарки банки.

Bank-of-Cyprus-cashpoint-008Ниту еден еден од пратениците не гласаше „за“ предлогот, 36 пратеници гласаа против а 19 беа воздржани. Претседателот на кипарскиот Парламент Јанакис Омиру планот го окарактеризира како „уцена“.

Веста дека сите кои имаат пари во банките ќе треба да плаќаат дополнителен данок беше дочекана бурно од граѓаните на Кипар но и од неколку други земји чии валкани пари се токму во овие банки.

Речиси 80 милијарди евра странски инвестиции во Русија доаѓаат преку Кипар, а пад во инвестициите ја очекуваа и Украина. Чешките компании со седиште во Кипар објавија дека навреме успеале да ги префрлат своите пари во други земји. Веста го потресе и Балканот. Србите побрзаа да ги вадат своите пари, а имаше информација дека и македонци кои имале пари во Кипар се тепале за авионски карти за да стсаат навреме и да спасат што се може.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1