Кирацовски: Расправа за имунитетот ќе има штом ќе побара судот од Собранието


Александар Кирацовски, пратеник и член на собраниската Комисија за деловнички и мандатно-имунитетни прашања за Плусинфо вели дека во Собранието сè уште нема стасано допис од судот до претседателот на Собранието Талат Џафери за потребата да се расправа на собраниското тело за одземање на имунитетот на осомничените пратеници кои беа утрово приведени поради учество во крвавите настани на 27 април во законодавниот дом.

– Веднаш штом ќе добие известување претседателот на Собранието Талат Џафери ќе ја закаже седницата на која ќе присуствуваме. Таа седница мора да се одржи без оглед на делото за кое се осомничени пратениците, настрана што сите обвинети не се осомничени за исто дело – објаснува Кирацовски на нашето прашање дали осомничениот пратеник автоматски го губи имунитетот кога е обвинет за „терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста“, дело за кое е предвидена казна од најмалку десет години затвор, според член 313 од Кривичниот законик.

Според членот 64 од Уставот на Република Македонија пратеникот не може да биде повикан на кривична одговорност или да биде притворен без одобрување на Собранието, освен ако е затечен во вршење кривично дело за кое е пропишана казна затвор во траење од најмалку пет години.

 

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1